Општ преглед на производите STATISTICA
Водечка линија производи на „СтатСофт” е пакетот со аналитички софтверски производи и решенија STATISTICA. STATISTICA го нуди најисцрпниот избор од постапки за анализа на податоци, управување со нив, визуелизација на податоци и извлекување на податоци. Неговиот арсенал го вклучува најопширен избор на техники за прогностичко моделирање, групирање, класификација и истражувачки методи во една софтверска платформа.
STATISTICA е испробана и надежна аналитичка платформа со историјат повеќе од две децении во обезбедување на успешни бизнис резултати за нашите клиенти, глобална база на корисници со повеќе од 1 милион корисници.
Производите STATISTICA се нудат во шест основни категории линии на производи:
- Ентерпрајз (Претпријатие): Производи STATISTICA наменети за користење од голем број корисници или од цела организација преку една платформа, вклучително користење на STATISTICA преку архитектури со „тенки“ клиенти (интернет браузери) и пристап преку Глобалната мрежа (WAN).
- Интернет базирани аналитички апликации: Производи STATISTICA разместени во димензионирана интернет базирана архитектура за персонализирани и готови за користење интернет базирани аналитички апликации.
- Софтвер за извлекување на податоци (Data Mining), извлекување на текст (Text Mining) и аналитички софтвер за прогнозирање: Најпотполен и ефективен систем од лесни за употреба инструменти за целиот процес на извлекување на податоци и текст ‒ од пристап кон бази на податоци до генерирање на финални извештаи.
- Десктоп: Производи STATISTICA наменети за користење на одделни работни станици.
- Решенија за поврзување и интегрирање на податоци: Конфигурациите кон извори на податоци во STATISTICA Ентерпрајз се дефинираат и управуваат централно, со помош на инструментите за управување STATISTICA Ентерпрајз Менаџер.
- Пауер Сољушнс (Решенија за енергетиката): Пауер Сољушнс е комбинација од производи и консултирање. Овие решенија базирани на извлекување на податоци и анализи за прогнозирање предизвикуваат неодложно, знатно подобрување и се нудат по цена на еден мал дел од вредноста на соодветните хардверски подобрувања потребни за да се остварат слични, туку честопати не толку ефективни резултати.
- Научноистражувачка и развојна дејност, контрола на квалитетот и наблудување на процесите во хемиската/петрохемиската и фармацевтската индустрија, како и во производството на потрошувачки стоки
- Апликации за анализа на гаранциските трошоци и далечинско наблудување во гарнката производство на тешки машини
- Апликациите Шест сигма (Six Sigma) во сите индустрии, вклучително производство, здравство, како и анализа на бизнис процеси
- Анализа на ризик, сегментација на клиенти, како и оценка и моделирање на кредитниот ризик во гранките на банкарството, финансиските услуги и осигурувањето